Илјадници луѓе се собраа денеска на антивладините протести во шеесетина градови во Словачка и други европски градови, по повод седмата годишнина од убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова.
На Плоштадот на слободата во Братислава се собраа повеќе од 10.000 луѓе, што е значително помалку отколку на протестот пред две недели, кога дојдоа околу 45.000 луѓе, пишува словачкиот портал Деник.
Митингот со слоганот „Словачка е Европа“, кој е дел од бранот антивладини протести против проруската политика на премиерот Роберт Фиц, заеднички го организираа иницијативите „За пристојна Словачка“ и „Врсници за Украина“, кои во последните месеци организираат протести откако словачкиот премиер најави можно излегување од Европската унија.