В недела со почеток во 12:00 часот, на градскиот плоштад во Демир Хисар ќе се одржи осмото издание на националниот фолклорен фестивал „Велигденски фолклорни средби“.
На годинашното издание на фестивалот ќе настапат културно-уметничките друштва: „Илинден“ од Демир Хисар, „Рацин“ од Кичево, „Мирка Гинова“ од Демир Капија, „Илинден“ од Битола, „7 Септември“ од Македонски Брод, „Брвеница“ од Брвеница, ЗФА „Копачка“ Дранче од Делчево и Фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола.
Организатор на фестивалот е Домот на културата „Илинден“ – Демир Хисар. Фестивалот е под покровителство на градоначалникот на Општина Демир Хисар и е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам, како проект од национален интерес во културата за 2025 година.