Набавено е ново патничко возило за потребите на средното стручно училиште „Илинден“, а ќе можат да го користат и Општина Илинден и останатите образовни институции.
Се работи за комбе марка „опел виваро“ за превоз на лица со капацитет до осум лица за седење и ќе се користи за потребите на учениците и вработените на училиштето за патувања, за натпревари, екскурзии и слично.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека СОСУ „Илинден“ континуирано се развива и модернизира, со цел унапредување на образовниот процес, при што учениците ги добиваат сите современи услови за квалитетна настава.
Со набавката на ова возило се олеснува организирањето и патувањето на вработените и учениците за екскурзии, натпревари, семинари, работилници кои се одржуваат надвор од општина Илинден.