Набавени специјално адаптирани моторни возила

36

Набавени се нови специјално адаптирани моторни возила кои овозможуваат полесно движење на децата и лицата со потешка телесна инвалидност.

Од Град Скопје велат дека новите возила се посебно адаптирани со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и друга опрема која осигурува безбеден превоз на лицата корисници.

– Со новите возила Град Скопје обезбедува грижа, инклузивност и безбедност, како и подобрување на условите во секојдневието за лицата со попреченост – потенцираат градските власти.

Организираниот бесплатен превоз за лицата со потешка инвалидност во Скопје се реализира со девет посебно адаптирани возила, еден мини бус и еден автобус со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и друга опрема која ја обезбедува безбедноста на корисниците, а дневно услугата ја користат околу 40 лица.

Превозот можат да го користат сите лица кои ќе стекнат право и одобрение врз основа на соодветна документација, за што подетални информации можат да се добијат на телефон 02-3297-321.