Набавени две мултинаменски товарни возила за почиста животна средина

543

Општина Ѓорче Петров набави две нови мултинаменски товарни возила кои ќе придонесат за поефикасно и побрзо одржување на хигиената на територијата на општината.

Како што истакна градоначалникот Александар Стојкоски, оваа набавка претставува уште еден чекор кон унапредување на условите за живот на граѓаните.

-Со овие нови возила значително ќе ја зголемиме нашата ефикасност на терен. Секој ден работиме за чиста и уредна животна средина, а со вакви инвестиции покажуваме дека тоа не се само зборови, туку дела – изјави Стојкоски.

Тој апелираше до граѓаните да помогнат со одговорно однесување и одржување на хигиената.

Новите возила кои чинат 1.700.000 денари се дел од стратегијата на општината за постојано унапредување на јавните услуги, со што директно се подобрува квалитетот на живот на сите жители.

ИЗДВОЕНИ