На Велики четврток се вапсуваат првите три велигденски јајца: Само со 4 трика ќе ја добиете најинтензивната природна црвена

17600

Со примена на четири природни методи за бојосување црвени јајца, ќе го добиете најдобриот ефект.

Независно од избраниот метод,природно бојосаните јајца покрај тоа што ќе бидат поздрави туку и ќе станат посебен украс на празничната трпеза.

Бојосувањето велигденски јајца е еден од најубавите и најстарите обичаи во врска со овој празник. Традиционално, црвената боја има посебно симболично значење, но денес постојат многу техники и бои кои овозможуваат креативно украсување. За жал, повеќето продажни достапни бои во продавниците содржат вештачки состојки и хемикалии. Сепак, постојат неколку сосема природни начини да ги бојосате јацата во преубава црвена нијанса користејќи овошје, зачини и зеленчук.

Сок од вишни

Ако сакате да добиете интензивна црвена боја, природниот сок од вишни е одличен избор. Постапката е многу едноставна – јајцата ставете ги во тенџере, прелејте ги со сок од вишни и додадете малку сол и оцет за бојата поубаво да се фати. Варете ги јајцата на тивок оган додека да ја добијат саканата нијанса, а потоа оставете ги да се изладат во течноста за поинтензивна боја.

Мелен пипер

Друг природен начин за боење е да користите мелена пиперка. Во литар вода додадете четири лажици слатка мелена пиперка, малку сол и оцет, па во смесата ставете ги јајцата и сварете ги. Важно е да не се користи лута пиперка, бидејќи нејзиниот вкус може да навлезе во лушпата.

Лушпи од кромид

Жолтите и виолетовите лушпи од кромид со генерации се користат за природно боење јајца. Ставете ги јајцата во тенџере, покријте ги со вода и додадете што е можно повеќе лушпи од кромид. За уште побогата боја, можете да додадете и неколку парчињасвежо цвекло. Додадете малку сол и оцет, па варете додека не ја добиете саканата боја. Кога јајцата ќе се изладат, премачкајте ги со масло за да им даде сјај.

Чај од хибискус

Ако сакате нежна црвено-виолетова нијанса, пробајте чај од хибискус. Направете силен чај во кој ќе ги натопите јајцата. Оставете ги во течноста неколку часа, па дури и преку ноќ за да добијат најинтензивна боја. Овој метод дава елегантни тонови и е сосема природен.

 

ИЗДВОЕНИ