Во штипското комунално претпријатие „Исар“ се става во функција кол центар, каде што граѓаните, на унифицираниот број, ќе пријавуваат дефекти, собирање смет и кабаст отпад и за сè друго што е во надлежност на комуналното претпријатие. Граѓаните ќе добијат повратен одговор, повикот ќе биде снимен, а екипи на ЈП „Исар“ веднаш ќе излезат на терен доколку има потреба за решавање на проблемот.
– На телефонскиот број 032 609 555 граѓаните ќе можат да ги пријавуваат дефектите, по што нашите служби и нашите оператори ќе добиваат работен налог и ќе постапуваат за извршување на тие работни задачи. Морам да напоменам дека, за квалитет на разговорот и на услугите, разговорите ќе бидат снимени – изјави директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски.
Тој посочи дека кол центарот ќе функционира 24 часа. Тоа значи дека во кој било период од денот да се случи дефект или да имаат проблем, граѓаните ќе бидат услужени. Во случај на поголем дефект и поголем број повици, граѓаните ќе бидат известени дека се екипите веќе на терен.