Општина Кисела Вода им дава можност на жителите до 20 април да ги фрлат своите непотребни работи на триесетина локации, утврдени од локалната самоуправа заедно со Министерството за животна средина, како дел од Акцискиот план на Владата за почист воздух. Притоа, подигањето на отпадот ќе биде бесплатно.
– За граѓаните ќе бидат обезбедени по две локации во секоја населба и населено место, каде што ќе можат да ги стават своите кабаст отпад, шут и електронски отпад. Жителите на Општината може да се ослободат од старите мебел, апарати, градежен шут, неисправни електронски уреди како фрижидери, телевизори, компјутери, клими, замрзнувачи и други отпадни предмети – соопшти Општина Кисела Вода.
Електронскиот отпад ќе биде соодветно третиран од социјалното претпријатие „РЕДИ Рециклажа“, кое е лиценцирано за управување со неопасен отпад. Тоа, наведува Општината, ќе овозможи негова еколошки одговорна обработка и спречување на штетните последици за животната средина. Собраниот електронски отпад безбедно ќе биде транспортиран во „Екоцентар 97“, за третман и понатаму за рециклирање.
Кабастиот отпад може да се остави на следниве локации:
УЗ Пржино – ул. „Милан Мијалковиќ“ (зад УЗ Пржино) и ул. „Мариовска“ (покрај стовариштето на „Треска“).
УЗ Црниче – ул. „Наум Охридски“ (пред УЗ Црниче) и ул. „Ениџе Вардарска“ (спроти обложувалницата „Копачка“).
УЗ 11 Октомври Згради – ул. „Пушкинова“ бр. 4 и ул. „Михаил Чаков“ (спроти УЗ 11 Октомври Згради).
УЗ 11 Октомври Бараки – зад „Космофон“ (во делот покрај детското игралиште) и ул. „Лазар Димитров“ (кон трим-патека на вториот влез).
УЗ Кисела Вода – ул. „Христо Татарчев“ бр.72 (кај амбулантата) и ул. „14 Декември“ (кај подземните контејнери).
УЗ Расадник – ул. 1511 (наспроти „Кватро кафе“) и пред салата „Расадник“ (зад паркот за миленици).
УЗ Цветан Димов – ул. „Емил Зола“ бр. 7 и ул. „Георги Димитров“ (зад економското училиште).
УЗ Бирарија – ул. „Томе Арсовски“ (спроти паркот Бирарија) и ул. „Фредерик Шопен“ (зад училиштето „Кузман Јосифовски-Питу“).
МЗ Пинтија – ул. „Јабланица“ (на местото Славија, веднаш до МЗ Пинтија) и ул. 1513 (под делот на детската градинка).
МЗ Усје – паркингот пред МЗ Усје и на влезот во Усје (десно до оградата на Цементарница Усје).
МЗ Припор – ул. „Христо Татарчев“ (крак 14/159) и под објектот на МЗ Припор.
МЗ Потстаница – ул. „Сердарот“ бр.115 (кај фудбалското игралиште) и ул. „Сердарот“ бб (пред МЗ Потстаница).
МЗ село Драчево – ул. „Китка“ (слободниот простор покрај гимназијата) и ул. „Драчевска“ бр. 92 (пред стара пошта).
УЗ Бобан Трпков – населба Драчево – ул. „Бранко Заревски“ (зад УЗ Населба Драчево) и ул. „Бранко Заревски“ бр. 17 (стакларска зграда).
МЗ Стаклара – ул. 1519 (делот кај трансформаторот спроти продавницата) и ул. 1520 (кај ширината пред почетокот на куќите).
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека, покрај оваа акција, интензивно се работи и на генерално чистење од комунален отпад на сите 15 населби и населени места во Општината.
– Досега се собрани 25 тони отпад и акцијата ќе продолжи сè додека не бидат опфатени сите месни и урбани заедници – истакнува Ѓорѓиевски.