На Токсикологија се згрижени седум пациенти, сите се стабилни, информира Чибишев

19

Сите седум пациенти кои се згрижени на Клиниката за токсикологија се стабилни и без клинички манифестации, соопшти денеска директорот на Унивезитетската клиника за токсикологија Андон Чибишев.

Тој истакна дека по трагичнот настан во Кочани на оваа клиника биле примени 20 пациенти, но поради сериозноста на стостојбата 13 пациенти биле префрлени на КАРИЛ или во странство.

-Некои од тие пациенти завршија и во центрите надвор од државата. Сите се во добра општа состојба, стабилни се. Кај нас во моментов хоспитализирани се 7 пациенти кои главно имаат вдишано голема количина отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат механички повреди туку се со инхалаторни повреди, односно повреди заради вдишување на отровни гасови, рече Чибишев.

Директорот на Токсикологија информира дека денес се сите клинички стабилни.

ИЗДВОЕНИ