На ТикТок му се заканува забрана во САД

79

Одборот на федералниот апелационен суд во САД денеска го потврди законот што може да доведе до забрана на TikTok за само неколку месеци, со што популарната социјална мрежа во сопственост на кинеската компанија претрпе тежок пораз во правната битка за опстанок на американска почва.

Апелациониот суд на округот Колумбија ја отфрли жалбата на TikTok дека со законот е прекршен Првиот амандман на американскиот устав и дека социјалната мрежа била цел на неправедно таргетирање од страна на Конгресот на САД, кој го усвои законот со поддршка и на републиканците и на демократите.

Законот бара TikTok да ги прекине сите врски со својот кинески сопственик, Bytdance, до средината на јануари 2025 година, или да биде забранет од САД.

ИЗДВОЕНИ