На судењето за убиството на Вања и Панче не се појави сведокот Гоце Трајковски – имал паничен напад

Сведокот Гоце Трајковски не дојде да сведочи, имал паничен напад

210

Продолжува судскиот процес за двојното убиство на 14 годишната Вања и велешанецот Панче, ќе се испрашуваат сведоци на предлог на обвинителството. Не дојде да сведочи Гоце Трајковски кој во текот на судскиот процес неколкупати се спомнуваше од страна на сведоците дека наоѓал снимки од безбедносни камери и ги поврзувал со исчезнувањето на девојчето. Имал паничен напад го оправда во судница неговото отсуство мајка му Кираца Трајковска. Тој бил пријател на обвинетиот татко Александар Ѓорчевски. За убиството обвинети се Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски. ( П.А)