На судењето за корупција, Нетанјаху негираше дека примал несоодветни подароци

9
Фото: EPA-EFE/MAYA ALLERUZZO

За време на сведочењето во неговото судење за корупција, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес негираше дека примал несоодветни подароци како шампањ и пури од холивудскиот продуцент Арнон Милчан во замена за поддршка на закон поволен за него, познат како „Случај 1.000“.

„Милчан ми даваше пури како пријател, никогаш не го побарав тоа, тој доаѓаше и ми ги даваше“, рече Нетанјаху на суд, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху додаде дека „Милчан се бањаше во шампањ“, дека „пиеше шампањ со секој оброк“, дека неговиот подрум „беше полн со шампањ“ и дека им даваше шампањ на сите, вклучувајќи го и поранешниот израелски претседател и премиер Шимон Перес.

Тој исто така рече во судот дека неговата сопруга Сара „добила дел од тоа“. „Мојата сопруга би изгледала како сумо борач да испиеше 160 гајби шампањ, а можам да ви кажам дека не тежи 300 килограми“, рече Нетанјаху.

Нетанјаху го отфрли сведочењето на Хадас Клајн, кој работеше како асистент на Милчан, дека неговата сопруга Сара ја малтретирала и ѝ се заканувала дека ќе ја отпушти, наведувајќи дека „никогаш не ја видел“ својата сопруга да ѝ вика.

Во еден момент од судењето, демонстрантите почнаа да му викаат на Нетанјаху дека заложниците што ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа „немаат шампањ и пури“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ