На „Стариот континент“ помалку се умира! Богатите Американци живеат пократко од Европјаните

59

Иако често се верува дека со пари може да се купи се, новото меѓународно истражување покажа дека богатството не гарантира подолг живот – барем кога се во прашање САД. Имено, дури и најбогатите Американци не успеваат да ги надживеат најсиромашните жители на одредени европски земји.

Студијата објавена во престижниот New England Journal of Medicine покажа дека граѓаните на САД, без оглед на нивото на богатство, имаат значително пократок животен век во споредба со Европејците со ист или дури и понизок имотен статус.

Истражувањето опфатило податоци за здравјето и приходите на 73.838 луѓе на возраст меѓу 50 и 85 години, од 2010 до 2022 година. Резултатите покажале дека Американците имале повисока стапка на смртност во сите категории. Водечкиот автор на студијата е д-р Сара Мачадо, професорка на Универзитетот Браун.

„Универзалниот пристап до здравствената заштита, посилните социјални мрежи и поголемата социјална кохезија во европските земји – како што се Франција, Германија и Холандија – им овозможуваат дури и на најсиромашните да живеат подолго од најбогатите сегменти од населението во Америка“, истакна авторката на студијата.

Според податоците, вкупната стапка на смртност била дури 40 отсто помала во Северна и Западна Европа отколку во САД, кај сите слоеви на општеството.

ИЗДВОЕНИ