Министерството за земјоделство, преку Платежната агенција, вчера ја почна исплатата на 315.745.324 денари кон 11.689 лозари. Исплатата се однесува за подмерката 1,11 за остварено производство на грозје.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства што имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет, или го користеле производството за сопствени потреби и за продажба на пазар.
Висината на директното плаќање се зголемува за 8.400 денари од хектар во однос на утврдената висина на директното плаќање од подмерката 1,11.