На Сицилија е уапсен малолетниот син на мафијашки бос поради сомнеж дека го убил соседот

107

Италијанската полиција го уапсила денеска 16-годишниот син на мафијашки бос од Сиракуза поради сомнеќ дека со нож го усмртил соседот по караница.

До расправијата меѓу малолетнкот и 40-годишниот продавач на овошје и зеленчук на локалниот пазар дошло по несогласување кое жртвата ја имала со роднина на обвинетитот, пренесува порталот АГИ.

Како што се наведува, на малолетникот не му се допаднал начинот на кој соседот му се обраќал на неговиот роднина и се вмешал во караницата, по што 40-годишникот му удрил шлаканица.

Синот на мафијашкиот бос потоа го избодел соседот со нож и избегал од местото на инцидентот, а недолго потоа се предал на полицијата во присуство на адвокат.

Тој на полицијата ѝ раскажал дека жртвата била во алкохолизирана состојба за време на убиството, а ќе биде префрлен во притвор за малолетници додека полицијата ја прдолжува истрагата, пренесува Танјуг.