Кристијано Роналдо со години е еден од најдобрите фудбалери во светот, а неговата кариера крие многу тајни.
Една таква „излезе на површина“ бидејќи беше откриено дека му била дијагностицирана состојба на коленото која може да се влоши со текот на времето, а сето тоа се случило во 2014 година.
Сепак, Португалецот имаше голема среќа, а повредата го заобиколи и продолжи да има само успеси во фудбалската кариера.
Роналдо во својата кариера играше за некои навистина големи клубови како . Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус кои се секако кремот на фудбалот.
Во професионалната кариера освои 33 трофеи, од кои четири во Лигата на шампионите, а шест пати ја освојуваше „Златната топка“.
Роналдо на почетокот на кариерата најмногу се потпираше на брзината и дриблингот, а подоцна на сето тоа додаде маестрален финиш, но и игра со глава.
Тој е добро познат по своите работни навики на теренот и надвор од него, а веројатно е дека ќе продолжи да игра професионален фудбал до четириесеттите години.
Интересно е тоа што Роналдо имал многу малку повреди во текот на кариерата, но се откри дека во 2014 година Роналдо можел да биде во големи проблеми.
Наводно, Португалецот го променил стилот на игра, а причина биле проблемите кои ги имал со колената. Станува збор за тоа што Португалецот трчаше со големи болки, а најголем проблем беа наглите промени на правецот.
На крајот никогаш не беше јасно откриено какви проблеми имал Роналдо, но по неколку месеци во 2014 година изјави дека сите проблеми исчезнале.
“Повредата е во минатото. Се чувствувам одлично. Во одлична форма сум. Давам се од себе”, изјави тогаш Роналдо.