Поранешна австриска тенисерка и стручна коментаторка, Барбата Шет, во интервју за „Кикер“ остро ја критикуваше врската помеѓу Елена Рибакина и нејзиниот поранешен тренер Стефан Вуков. Шет изјави дека Вуков „целосно ѝ го испрал мозокот“ на Рибакина, истакнувајќи дека нивната професионална врска прераснала во лична, што доведе до голема доза на емоционална зависност. Според неа, ситуацијата ескалирала за време на САД Опен во 2024 година, кога семејството и тимот се обиделе да го оддалечат Вуков од Рибакина.
- Мислам дека на Елена ѝ е целосно испран мозокот. Можете да видите како се однесува со неа и како разговара со неа. Работите ескалираа на САД Опен минатата година и нејзиниот тим и семејството се обидоа да го отстранат. Знаеме дека таа има многу ментални флуктуации и веројатно тој е причината за тоа. Тој дефинитивно ја злоупотребуваше психички и затоа мислам дека ВТА ја донесе вистинската одлука да го суспендира.
Главната женска тениска организација ВТА пред две недели го суспендираше хрватскиот селектор Стефан Вуков (37) на една година.
- ВТА потврдува дека е завршена независната истрага за можно прекршување на Кодексот на однесување на ВТА од Стефан Вуков. По овој процес, суспензијата останува на сила. За да се заштити доверливоста и интегритетот на истрагата и нејзините наоди, ВТА нема да објавува дополнителни детали. Остануваме посветени да обезбедиме дека сите прашања се решаваат во согласност со Кодексот на однесување на ВТА, се вели во соопштението на ВТА.
Инаку, Барбара Шет е една од најуспешните австриски тенисерки, остави длабока трага во светот на тенисот за време на нејзината професионална кариера. Родена во Инсбрук, Шет беше највисоко рангираната австриска тенисерка на сите времиња, достигнувајќи го седмото место на ВТА-листата во сингл и осмо во двојки.
Во текот на нејзината кариера, таа освои три титули на ВТА во сингл и десет титули во двојки, со дополнителни девет финалиња. Нејзините најдобри резултати на Грен слем турнирите ги вклучуваат четвртфиналето на САД Опен во 1999 година и полуфиналето во двојки на САД Опен (1999, 2004) и Австралија Опен (2000 година). Таа, исто така, ја претставуваше Австрија на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година, каде што стигна до четвртфиналето во поединечна конкуренција.