На реконструираното игралиште во Неготино ќе се игра фудбал на вештачка трева

14

Ова современо игралиште, изградено со вештачка трева според највисоките ФИФА стандарди, со трибини за 100 гледачи, е вистинска гордост за Неготино и место каде што младите ќе може да спортуваат и да напредуваат. Реконструкцијата на ова игралиште е дел од проектите на Министерството за спорт, за унапредување на спортската инфраструктура низ Македонија

 

Mинистерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот Горан Стојанов, денеска го пуштија во употреба новото реконструирано фудбалско игралиште во Неготино.

Ова современо игралиште, изградено со вештачка трева според највисоките ФИФА стандарди, со трибини за 100 гледачи, е вистинска гордост за Неготино и место каде што младите ќе може да спортуваат и да напредуваат. Реконструкцијата на ова игралиште е дел од проектите на Министерството за спорт, за унапредување на спортската инфраструктура низ Македонија.

– Со вакви проекти инвестираме во иднината на младите таленти и здравиот спортски дух – нагласи Ристовски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на клон од детската градинка „Вера Циривири Трена“ и спортската балон-сала во рамки на подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ во населбата Три Чешми, во општина Штип. Мицкоски истакна дека со вложување на 2.500.000 денари од буџетот на Општина Штип, во училиштето е адаптиран неискористен простор за згрижување на 40 деца, со што се обезбедени воспитно-згрижувачки услови. Покрај тоа, новата спортска сала, финансирана со 10.000.000 денари од блок-дотации од Министерството за образование, ќе биде простор за спортски активности и развој на младите.

Премиерот најави и дека следната недела ќе започне проектот којшто беше дел од првиот повик на Владата, а тоа е обиколницата, вреден околу 2 милиона евра.

– Понатаму веќе од втората половина на овој јануари ќе го објавиме новиот повик за проекти коишто ќе бидат финансирани од Владата. Овде во Штип се планирани проекти да се финансираат во вредност од 6 и половина милиони евра за следната година и така продолжуваме и во иднина – изјави Мицкоски.

(А.П.)

 

ИЗДВОЕНИ