На разочарување на сите: Кинески аквариум наплаќа 50 долари за гледање роботска кит-ајкула/видео

40

Посетителите на кинески аквариум биле целосно шокирани кога сфатиле дека платиле 50 долари за да видат не вистинска, туку роботска ајкула.

Неодамна беше отворен аквариумот „Xiaomeisha Sea World“ со околу 6.000 живи морски животни, кои припаѓаат на 500 видови, но сите беа засенети од огромната „лажна кит-ајкула“.

Посетителите сакале да видат вистинска ајкула, но ги пресретнал робот. Многумина се целосно разочарани и лути поради тоа, додека други најавија дека ќе го пријават аквариумот.

Од друга страна, експертот Рик О’Бери се надева дека ќе му дојде крајот на чувањето диви животни во аквариуми. По ловот на делфини за морските паркови во 1960-тите, тој стана гласен критичар на индустријата и ја основа непрофитната организација Dolphin Project.

Сепак, тој не мисли дека замената на вистинските животни со роботи е решение за проблемот и го разбира гневот на посетителите.

„Не сакам никого да обесхрабрувам да користи роботи, но не верувам дека јавноста ќе ги прифати. Тие се одлични за филмови, но не верувам дека некој ќе плати за да види механички кит или делфин. Сите знаат дека е лажен“, рече тој. е О’Бери.

Популацијата на кит-ајкули е намалена, а видот се смета за загрозен и е на Црвената листа на IUCN. Клучните закани вклучуваат дупчење нафта и гас, судири со бродови и лов на нивните перки. Ловот на китови ајкули сега е забранет во Кина и растат етичките грижи за затворање на океанските џинови во мали резервоари.

О’Бери верува дека единствениот начин да се стави крај на користењето на дивиот свет за забава е луѓето да престанат да купуваат билети.