За време на денешниот протест во Кочани, незадоволните и револтирани граѓани го демолираа кафе-барот „Класик“ во центарот на градот, кој е во сопственост на газдата на „Пулс“ каде вчера во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Во Кочани во тек е протест на кој се бара одговорност за трагичната несреќа што се случи рано утринава во неделата.
Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“….
Протест во Кочани: „Нека ви гори совеста како што гореа невини животи/ФОТОГАЛЕРИЈА