На продажба 21 парцела за изградба на објекти за домување

15

Локалната самоуправа на Зрновци објави оглас за продажба на градежно земјиште во државна сопственост со кој на инвеститорите им нуди вкупно 21 градежна парцела, во сите три населени места во општината. Вкупната површина на земјиштето што се продава изнесува околу два хектара, а доколку се продадат сите градежни парцели, се очекува приход од најмалку 1,3 милиони денари. Парцелите што се нудат се за изградба на објекти за индивидуално домување, при што девет се во Зрновци, седум во Видовиште и две во Мородвис.

– Огласот за продажба го објавуваме по пауза од неколку години, со оглед што во изминатиот период граѓаните покажаа зголемен интерес за изградба на сопствени куќи, а има и заинтересирани инвеститори за стопански објекти. Парцелите што ги нудиме се со различна површина, од близу 160 до над 5.500 квадратни метри. Исто така, различна е катноста на објектите што  можат да се градат, односно на 4 парцели во Зрновци предвидено е да се градат објекти со приземје и два ката, додека останатите се за приземје, два ката и потпокрив. Локациите и условите за купување се поволни, односно изнесуваат по 61 денар од квадрат, поради што очекуваме успешна реализација на продажбата – истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

 

ИЗДВОЕНИ