Хрватската министерка за здравство Ирена Хрстиќ денеска изјави дека е згрозена од нападот во основното училиште „Пречко“ во кој, како што наведе, загина седумгодишно дете, а повредени се уште пет лица, од кои три деца и двајца возрасни.
Таа изрази сочувство до семејството на починатото дете, а за повредените рече дека се пренесени во болница и во овој момент сите се надвор од животна опасност. Таа додаде дека сторителот е полнолетен.
Како што неофицијално дознава „Јутарњи лист“, денеска и бил последниот работен ден на директорката на основното училиште „Пречко“ поради пензионирање.
Таа била ранета кога се обидела да го спречи нападот на напаѓачот врз учениците. Станува збор за наставничка која 18 години работела во основно училиште „Пречко“, а претходно била вработена во основно училиште во населбата Трње. Таа е дипломирана наставничка, со дополнителен предмет информатика, па напредувала до статус на ментор.
„Драга, мирна и сталожена личност која прекрасно работеше со децата – велат нејзините колеги.
Избодената учителка има 62 години и ова и е последна генерација пред пензија. Моментално е на операција, по што ќе биде сместена на одделението за интензивна нега. Животот на наставничката се уште е во опасност.
Хронологија на ужасот во училиштето во Загреб: „Се почнало на големиот одмор, прво претепал ученик“!