На погребот на папата Франциск во сабота ќе присуствуваат педесет шефови на држави и десет монарси

40
Фото:ЕPA-EFE/MAST IRHAM
Речиси 50 шефови на држави и десет владејачки монарси досега го потврдиле своето присуство на погребот на поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск, кој ќе се одржи во сабота на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, соопшти денеска Ватикан, пренесува Бета.
„Засега е потврдено присуството на 130 странски делегации на погребот на папата Франциск“, се наведува во соопштението.
На погребот ќе присуствуваат меѓу останатите претседателот на САД Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, како и кралот и кралицата на Шпанија, додаваат од Ватикан.

 

ИЗДВОЕНИ