Анализата на необичните топки што доведоа до затворање на неколку плажи во Сиднеј минатата недела покажа дека тие содржат заситени масни киселини, E. coli и фекални бактерии, соопштија властите.
Советот за северни плажи во Сиднеј соопшти дека отпадот е испратен до Агенцијата за заштита на животната средина на Нов Јужен Велс (ЕПА) за дополнителна анализа, пренесува Би-би-си.
Девет плажи, вклучувајќи ги и популарните локации како Manlyja и Dee Whyja, беа затворени на 14 јануари откако топките испливаа на брегот.
Илјадници црни топки се појавија на бреговите на градот и во октомври, а уште тогаш властите неколку дена затворија некои од најпознатите плажи и наредија голема акција за чистење.
Последната серија на топки е исчистена од пристанишните плажи оваа недела, објави Советот на северните плажи. Тие ги предупредија граѓаните да не ги допираат топките доколку ги забележат и веднаш да се обратат до надлежните служби.
Покрај киселини и бактерии, во топчињата имало и вулкански камен – пемза.
Првата серија отпад од октомври првично беше погрешно наречена „топчиња од катран“, но подоцна беше откриено дека содржи масло за јадење, молекули на сапун и лекови за висок крвен притисок, пестициди, коса, метамфетамини и ветеринарни лекови.
Научниците рекоа дека зрната личат на грутки од маснотии, масло и маснотии – често наречени „брани за маснотии“ – кои најчесто се формираат во канализационите системи.
Сепак, Сиднеј Вотер објави дека нејзините пречистителни станици работат нормално и дека нема познати проблеми во градските системи за отпадна вода.