На планинарска патека пронајдени две рачни бомби

43

Во неделата околу 10.00 часот на планинарска патека во планинскиот предел над селото Грекај, општина Маврово и Ростуше, при извршување службени задачи, полициски службеници од ОВР Гостивар пронашле две неексплодирани рачни бомби кашикари.

Бил извршен увид, а бомбите биле безбедно подигнати од екипа на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Министерството за внатрешни работи.

ИЗДВОЕНИ