На патниот правец – крак Маврово – Бунец, намалена видливост од 20 до 30 метри поради појава магла

23

Од Јавното претпријатие „Македонијапат“ вечерва информираат за намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри на патниот правец – крак Маврово – Бунец.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничувања.

ЈП „Македонијапат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели, потенцираат од претпријатието.

Исто така, додаваат, на располагање се и фирмите со кои соработуваат, како навремено би се справиле со снежните наноси. На одредени патни правци што поминуват низ клисури и усеци, можна била појава на поситни одрони.

Од ова претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.