На патниците од авионската несреќа во Торонто им понудиле вртоглава сума пари: Ќе им платат во готово

445

На патниците во авионот на „Делта ерлајнс“ кој се излизгал на пистата во Торонто, а потоа се превртел, им е понудена неверојатна сума пари за несреќата што ја преживеале, висејќи наопаку додека не биле евакуирани.

За среќа, сите 80 патници беа успешно евакуирани и немаше жртви, а многумина можеа да го напуштат авионот без ничија помош. За жал, имаше и повредени кои мораа да бидат хоспитализирани.

Најмалку 18 лица од вкупно 80 патници се повредени во авионската несреќа на „Делта ерлајнс“ што се случи во Торонто, Канада. Шефот на аеродромот во Торонто, Тод Ајткин, изјави дека 18 патници кои се повредени во авионската несреќа на „Делта ерлајнс“ се пренесени во локалните болници.

Менаџментот на „Делта ерлајнс“ им понуди на сите патници плаќање во готовина од 30.000 долари бидејќи истрагата за несреќата се уште е во тек, пишува „Скај њуз“.

Авионот на „Делта ерлајнс“ се урна во понеделникот при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, при што крилото се откина и се запали, а трупот на авионот се преврте наопаку.

Како авионот во Торонто заврши „на грб“/ВИДЕО

“Беше апсолутно феноменално што можете да видите луѓе како излегуваат од превртен авион. Но, мојата втора мисла беше, добро, тоа е дизајнот. Тоа е инженерство. Тоа се години на истражување на цивилната авијација… кои овозможија да се случи такво нешто”, изјави МекКормик за CNN.

Тој рече дека несреќата не била фатална за луѓето во авионот бидејќи резервоарите за гориво на авионот се наоѓаат во крилата, додека претходно биле претежно во стомакот на авионот, под патниците, дизјан од кој се откажале по неколку несреќи.

Авионската несреќа се случи на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто (YYZ) во понеделникот, кога авион Bombardier CRJ900, рег. N932XJ, управуван од Endeavor Air под Delta Connection, се преврте на покривот по неуспешното слетување.

ИЗДВОЕНИ