На Општина Илинден ѝ е потребна полициска станица

38

На Општина Илинден ѝ е потреба полициска станица. Ова бил заедничкиот став на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на денешната работна средба во Општината.

Како што било наведено, потребата од изградба на полициска станица е резултат на локалниот економски раст на Општина Илинден, како и на зголемениот прираст на население во Општината.

– За таа цел, беше изразена подготвеност од двете страни да се интензивираат активностите во наредниот период, во насока на реализација на овој проект – соопштија од локалната самоуправа.

Притоа, градоначалникот Георгиевски посочил неколку локации каде што е соодветно и каде што би можел да се изгради и да функционира ваков објект, а дополнително ќе биде донесена одлука за начинот на реализација на овој проект.

На средбата се разговарало и за актуелни теми во однос на функционирањето и работењето на Општина Илинден, со посебен акцент на состојбата со безбедноста во сообраќајот и на потребата од поголема застапеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи на територијата на Општина Илинден.