На Одделението за физикална терапија во Штип почна рехабилитација на дел од повредените во кочанската дискотека

39
Фото:фб

Почна приемот на повредни пациенти од дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Раководителот на Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип, Никола Костадинов изјави дека се подготвени и 50 болнички кревети, каде што ќе се хоспитализираат потешко повредените за рехабилитација.

-Пациентите почнавме да ги примаме од пред ден-два. Сите капацитети во линичка болница – Штип, тоа се педесет легла, стационарни и капацитетите на Физикална терапија се ставени во функција. Потешките случаи ќе се лекуваат стационарно кај нас и дел во болницата во Кочани. Пациентите се со тешки изгореници и контрактури, но имаме голем дел на пациенти и со фрактури и со ампутации, таму ќе имаме целосна рехабилитација на скршениците и изгорениците, како и вежби за дишење, кои се дел од рехабелитацијата на пациентите со изгореници, вели Костадинов.

На Одделението за физикална терапија во Клиничка болница-Штип и во болницата во Кочани повредените со хидротерапија, електро процедури и кинези терапија ќе може полесно да закрепнуваат. Во рехабилитацијата на повредените од кочанската дискотека вклучени се лекари специјалисти и обучен физиотерапевтски кадар. Доколку има потреба ќе се ангажираат и лекари од другите болници во државата. Дополнително, со пaциентите со изгореници ќе се работат и вежби за дишење кои ќе бидат од голема важност за нивно брзо заздравување и закрепнуваање. Штипската физикална терапија располага со базен со термална вода од изворот „Кежовица“, која се смета за една од најлековитите води во Европа. Истиот се користи за вежби и лекување на пациентите главно со фрактури.

Костадинов апелира пациентите со изгореници да не користат мелеми и креми од надри лекари, туку да бараат соодветна лекарска помош.

– Медицинската рехабилитација, особено кај пациенти со тешки изгореници и сериозни повреди, претставува строго регулирана здравствена дејност што може да ја извршуваат само здравствени установи и специјализиран медицински кадар. Несоодветната физиотерапија без медицинска проценка може да доведе до несакани последици по здравјето на пациентите, а таквите постапки се казниви според Законот за здравствена заштита, потенцираше Костадинов.

ИЗДВОЕНИ