Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Џими Батлер, повторно е во центарот на вниманието во американските медиуми. Тој јавно кажа дека сака да го напушти Мајами, клубот го суспендираше и сега бараат идеално решение за негово заминување. Но, сега се појавија нови информации за него кои не се поврзани со кошарката, туку со неговиот приватен живот.

Имено, тој не сака да плаќа за бибиситерка на своите деца. Иако на почетокот не плаќаше ниту алиментација за своите три деца кои ги има со Кејтлин Новак, сепак, според одлуката на судот, тој мора да оделува од својот буџет 55.000 долари. Но, одбива да им плаќа уште 10.000 долари месечно за бебиситерка, бидејќи тврди дека не им треба.

Целиот случај заврши на суд, а адвокатите на Џими изнесоа неколку тврдења, меѓу кои и дека Кејтлин одбива да најде работа.

  • Мора да се нагласи и дека таткото и мајката никогаш не биле во брак, што значи дека мајката ги нема истите права како да е во брак со НБА кошаркар, изјавиле неговите адвокати.

Двајцата почнаа да се забавуваат во 2019 година, но малкумина знаеја за нивната врска. Тие го добија своето прво дете, ќерката Рајли, во октомври 2019 година, синот Брајан се роди во 2022 година, а нивниот втор син Кијан во октомври 2023 година. Набргу по неговото раѓање, Кејтлин поднела тужба за утврдување на татковство и плаќање на издршка. Случајот потоа бил затворен во тајност, но околу една година подоцна повторно завршил на суд бидејќи побарала дополнителни пари за издршка за децата за да ангажира дадилка за децата.

Батлер добива 49 милиони долари од Мајами само оваа сезона, откако потпиша четиригодишно продолжување во вредност од вкупно 184 милиони долари во 2021 година. Тој во својата кариера играше за Чикаго, Минесота, Филаделфија и Мајами и само од договорите со тие клубови заработи вкупно 264 милиони долари.

ИЗДВОЕНИ