
Новак Ѓоковиќ и Себастијан Корда требаше да го играат четвртфиналето на Мастерсот во Мајами после 23 часот. Нивниот дуел беше планиран како втор меч од вечерната програма на централниот терен, но беше откажан откако двајцата тенисери се договорија да не чекаат премногу и да не играат предоцна.
Ова се случи затоа што организаторите поставија пет натпревари на еден терен, а Џесика Пегуља и Ема Радукану го завршија натпреварот многу доцна, а ова значеше дека Ѓоковиќ и Корда ќе треба да играат по полноќ по наше врем, а тие не сакаа. Затоа и го одложија својот натпревар за следниот ден.
Ова предизвика негодување кај љубителите на тенисот во Мајами. Многумина од нив скапо ги платија билетите за да го гледаат Ѓоковиќ во живо, а сега тие билети пропаднаа, бидејќи натпреварот е одложен за некој подоцнежен ден, кога веќе не можат да бидат ниту во градот, ниту на трибините.
Навивачите се револтирани, но не на Ѓоковиќ, туку на организаторите „Потрошив илјада долари на билети за да го гледам Ѓоковиќ како игра на Мастерсот во Мајами вечерва, но мечот беше одложен и најдоброто што ми го нудат се билети од 10 долари и најлошото можно седишта“, напиша еден навивач на „Х“.
Spent $1k in tickets to come see Djokovic play on Miami Open tonight, it got postponed and best they’re doing is offer $10 tickets at the worst seats.
I’m getting rugged irl
— Retardio Colombian Cousin (@RetardioCOL) March 27, 2025