Дрикус ду Плесис и Шон Стрикленд повторно се сретнаа по нешто повеќе од една година, и повторно исходот беше ист. Јужноамериканецот победи со едногласна одлука на судиите на настанот  УФЦ312, кој се одржа во Сиднеј.

Мечот беше многу интензивен, па не е изненадување што главна фотографија на денот беше целосно скршениот нос на поразениот Американец, кој направи нешто неверојатно меѓу рундите. Тој го намести носот и ја продолжи борбата.

Ду Пелсис по вторпат ја одбрани титулата, постигнувајќи го тоа со поагресивниот пристап за разлика од противникот. За тоа што му пријде на мечот крајно концентрирано, зборува и тоа што во четвртата рунда, со десната рака, му го скрши носот на ривалот. Сепак, Стрикленд имаше голема желба да го продолжи мечот, па и покрај обилното крвавење, остана во октагонот.

  • Скршен е, но го поправив – му рекол Американецот на својот тренер.

Стрикленд го намести носот меѓу рундите и беше подготвен да го продолжи натпреварот. Сепак, немаше доволно сили да му парира на својот ривал или да постигне некаков пресврт. По поразот, се огласи на социјалните мрежи.

  • Толку сум горд за вашата поддршка, вие сте прекрасни! Премногу ве ценам. Ова беше пеколна борба. Носот ми е скршен на шест места, кога е толку скршен, лесно е да се „ресетира“. Така, тоа беше ново искуство за мене – истакна Стрикленд.

На нивната претходна средба, Јужноамериканецот славеше, а Американецот оттогаш забележа една победа, против Пауло Коста. Од друга страна, Ду Плесис продолжи со победите. Ова е 11. последователна победа за актуелниот шампион, деветта во УФЦ и 23. на 25 професионални натпревари. Интересно, неговиот последен пораз беше во 2018 година, од Хрватот Робарт Солдиќ, кој му ја одзеде шампионската титула во КВС.

Американецот не беше единствениот што заврши во болница на настанот УФЦ312. Мечот меѓу девојките Женг Веили и Татјана Суарез беше еден од најгледаните. Суарез, освен што го претрпи првиот пораз во професионалната кариера, си замина дома со конци на раната, со која се здоби откако го искасапи коленото во октогонот.

ИЗДВОЕНИ