На Меѓународната вселенска станица ќе се одгледува вештачки црн дроб

86
Фото:википедија

Експериментите со ткивото на црн дроб планирани за Меѓународната вселенска станица можат на крајот да пружат алтернатива на црниот дроб за трансплантација.
Оваа вест ја соопштија истражувачите на Клиничкиот конгрес на Американскиот колеџ за хриурзи во Сан Франциско.

Експериментите кои се завршени досега покажуваат дека единствените услови на ниската Земјина орбита во круг од 1.200 милји од Земјата, ќе им помогнат на ткивата на црниот дроб самостојно да се состават со подобрена функционалност, во споредба со методите засновани на Земјата, изјавија тие.

„Ова претставува критичен чекор кон создавањето одржливи импланти на ткива на црн дроб кои би можеле да послужат како алтернатива или додаток на транционалните трансплантации на црн дроб“, изјави водачот на студијата д-р Тами Чанг од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско.

Клетките во експериментите се создадени од нормални човечки клетки репрограмирани да влијаат како ембрионални матични клетки, што значи дека може да се променат во многу различни видови клетки.

 

За разлика од методот за инженеринг на ткивата врзани за Земјата, микрогравитацијата им овозможува на клетките да лебдат и природно да се организираат, што резултира со физиолошки попрецизни ткива, објаснија истражувачите.

Тие развиле прилагоден биокоректор, „Тишју орб“, за сметување на своите експериментални тквиа, кои симулираат природен процес на протокот на крвта во човечките тквиа, пренесува „Ројтерс хелт“.

Истражувачите исто така работат со напредни техники за ладење што ќе им овозможи безбеден транспорт на проектираните ткива од вселената на Земјата, одржувајќи ги под точката на замрзнување без оштетување. Оваа технологија би можела да го продолжи рокот на траење на проектираните ткива и потенцијално да се примени на цели органи, рекоа тие.

Експериментот ќе биде изведен на лет во вселената кој е закажан за фефруари 2025 година.