Иако сите помислија дека Лука Дончиќ совршено се вклопи во составот на Лос Анџелес лејкерс, сепак реалната ситуација покажува сосема нешто друго. „Езерџиите“ го претрпеа третиот последователен пораз, па по Чикаго и Милвоки, загубија и од Орландо (118:106).

Сега се поставува прашањето кои се реалните цели на овој тим. Неговата победничка серија беше прекината по повредата на Леброн Џејмс, по што Лука Дончиќ, очигледно, почна да презема поголема одговорност. Но сега, со враќањето во составот, Кралот не може да ја пронајде вистинската форма. Во одредени моменти изгледаше како да се гушат на теренот, и оттука настанаа проблеми.

Дончиќ постигна 32 поени (9/23 од поле), заедно со седум скока и седум асистенции, а имаше и три загубени топки. Леброн Џејмс заврши со 24 поени, шест скока и седум асистенции, но уште една работа се издвојува во неговата статистика. Со него на теренот, Лејкерс го имаше најнегативниот резултат (-17), што, секако, не е добра препорака кога играш 38 минути и на крајот губиш со 14 разлика.

Од друга страна, со Дончиќ на паркетот беше на „минус девет“, и тоа значи дека нешто не е во ред.

Што се однесува до Меџик, него го предводеше Франц Вагнер со 32 поени, пет скока и девет асистенции, а одличен беше и Паоло Банкеро со 30 поени и седум скока.

Резултати: Индијана – Минесота 119:103, Орландо – ЛА Лејкерс 118:106, Вашингтон – Торонто 104:112, Бруклин – Далас 101:120, Њу Орлеанс – Филаделфија 112:99, Денвер – Чикаго 119:129, Феникс – Милвоки 108:106, Сакраменто – Бостон 95:113.

 

ИЗДВОЕНИ