Макс Верстапен е на чекор до одбрана на титулата во Формула 1, особено по последната победа на трката за Големата награда на Бразил во Сао Паоло со која се одлепи од неговиот најголем конкурент Ландо Норис во генералниот пласман и сега има 62 бода повеќе на три трки до крајот на сезоната.
Неговиот практично единствен конкурент во борбата за тронот Ландо Норис пропушти голема шанса. Британецот од редовите на Мекларен стартуваше од пол-позицијата, но на крајот трката ја заврши на разочарувачкото шесто место. За разлика од него, Верстапен славеше иако стартуваше од од 17-позиција, извозе трка без ниту една грешка што на крајот му донесе триумф.
Поради сето ова се јави и поранешниот возач во октагонскиот циркус, Мартин Брандл, кој го потенцираше главниот недостаток на Норис во борбата за титулата.
- Нему му недостига инстинктот на „убиец“ во борбата против Макс. Холанѓанецот понекогаш знае да биде брутален во борбата, а тоа му недостига на Ландо, изјави Брандл.
Сепак, поранешниот ас смета дека Ландо и следната сезона ќе биде во позиција да се бори за титулата.
- Тој имаше неколку импресивни трки оваа година, победи три пати. Се стекна со големо искуство, предноста на Макс, кој победи на седум од првите десет трки, беше едноставно недостижна, изјави Брандл.