На забавувањето на активностите во германската економија не му се гледа крај, но нема да западне во длабока рецесија, оценува Централната банка во последниот месечен извештај.

„Германската економија се уште е во тешка ситуација“, заклучува Бундесбанк.

Зголемената економска несигурност ги кочи инвестициите, градежниот сектор е зафатен од повисоки финансиски трошоци, а личните трошоци не се зголемија и покрај повисоките плати, велат експертите. Имаше знаци и на влошување на условите на пазарот на трудот, иако бројот на вработени во Германија се уште е голем, предупредуваат тие.

Економската активност треба да стагнира во третиот квартал, а би можела повторно да се намали, но во моментов не се очекува рецесија, доколку се дефинира како значителен пад на активноста во поголем број сектори и на подолг временски период, додаваат оттаму.