Во рамки на годинешната прослава на Бадник, на Говрлева Краста, на јужните падини на Водно, вчера напладне, со симболично сечење на бадникови гранчиња се одржа традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2025 година
Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани им ги претстави новиот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров за Бадник 2025, соопштувајќи на тој начин, како што најавија, дека се е подготвено за централната прослава на 6 јануари на платото пред Соборниот храм.
Двајцата напоменаа дека огромна е честа што оваа улога, годинава им припадната токму ним.
Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски кажа дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.
Манифестацијата помина во знакот на веселбрата, со посна храна и многу музика. Меѓу посетителите имаше и такви кои за прв се дојдени, нои некои кои се тука секоја година.