Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков објави дека досега пристигнале над 300.000 пораки со прашања до претседателот Владимир Путин за претстојната директна линија кога рускиот лидер ќе ги сумира резултатите од годината.
– Не се примени десетици пораки, туку надминавме илјадници и веројатно 300 илјади – рече Песков.
Како што додаде, тоа се прашања кои пристигнаа по сите канали. Песков прецизираше дека повеќето прашања доаѓаат од жени и дека веќе е формирана листа од десет главни прашања што најмногу ги засегаат руските граѓани.
Директната линија на Путин, во комбинација со прес-конференција, ќе се одржи на 19 декември – програмата „Резултати на годината со Владимир Путин“ ќе се емитува напладне по московско време.
Организиран е кол центар за прибирање барања на граѓаните, кој почна со работа ноќта меѓу 7 и 8 декември.
За прв пат вештачката интелигенција беше вклучена во обработката на прашањата, и во обработката на низа различни податоци.