На четворица мажи ќе им се суди за малтретирање на Брижит Макрон

42
EPA-EFE/SARAH MEYSSONNIER

На четворица мажи ќе им се суди за малтретирање на првата дама на Франција Брижит Макрон и ширење злонамерни коментари за нејзиниот пол и сексуалност преку Интернет, објавија француските медиуми.

Тие, исто така, упатија навреди кон неа во врска со разликата во годините меѓу неа и нејзиниот сопруг, претседателот Емануел Макрон, објави парискиот весник Монд.

Брижит Макрон поднесе тужба против нив во август, а властите отворија истрага за сајбер-малтретирање.