На едно македонско четиричлено семејство месечно му се потребни 111.341 денар (1.800 евра), односно едно лице месечно прави трошоци од 32.640 денари (530 евра). Овие трошоци се пресметани ако семејството или лицето имаат сопствено живеалиште, односно не плаќаат кирија. Вакви податоци исфрли „Нумбео“, најголемата база на податоци за трошоците на животот во светот за март.
Ако ги погледнеме податоците за месечните трошоци што ги објави Сојузот на синдикатите на Македонија, според нивните пресметки, минималната синдикална кошничка за февруари годинава (за март не се објавени) за четиричлено семејство изнесуваат 63.773 денари, што е речиси за 50 илјади помалку од пресметките на „Нумбео“
На едно македонско четиричлено семејство месечно му се потребни 111.341 денар (1.800 евра), односно едно лице месечно прави трошоци од 32.640 денари (530 евра). Овие трошоци се пресметани ако семејството, односно лицето, имаат сопствено живеалиште, односно не плаќаат кирија. Вакви податоци исфрли Нумбео, најголемата база на податоци за трошоците на животот во светот за март. Оттаму наведуваат дека трошоците за живот во Македонија се во просек за 51,9% пониски отколку во САД, додека пак, киријата кај нас е во просек за 82,7% пониска отколку во САД.
Нумбео трошоците ги пресметал врз основа на цените на прехранбените и непрехранбените производи во маркетите, на храната во рестораните, транспортните трошоци, облека и обувки, купување и рентање станови, како и месечните примања.
Според Нумбео, во маркетите во Скопје бел леб од 500 грама чини 40 денари, литар свежо млеко – 70 денари, килограм бело сирење – 460 денари, а оризот – 87 денари. Табла со 12 јајца е 120 денари, односно 10 денари парче. Килограм јунешко според пресметките на Нумбео чини 660 денари, а пилешки филети – 390 денари. Доматите имаат цена од 104 денари, бананите – 75 денари, а едно парче зелена салата – 35 денари. Литар вино во флаша во просек чини 350 денари, а пакување цигари (марлборо) 165 денари.
Од Нумбео посочуваат дека храната во скопските ресторани е изгор скапа – ручек за двајца во средно рангиран ресторан чини дури 1.500 денари, а доколку се порача пиво (од домашен производител) чини 120, а ако е увозно пиво тогаш е поскапо и чини 150 денари. Капучино нарачано во ресторан чини 100 денари, а пак мала кока-кола – 95 денари.
Од Нумбео нагласуваат дека билет за возење со градски автобус во Скопје чини 40 денари, или месечната карта чини 1.435 денари, а ако се користи такси-превозот, старт чини 60 денари, а секој изминат километар 35 денари плус.
Што се однесува до облеката, пресметките се дека за купување на еден пар фармерки треба да се издвојат 3.800 денари, за летен фустан – 2.200 денари, пар патики (најк) чинат 4.900 денари, а еден пар кожни чевли 5.800 денари.
Од Нумбео посочуваат дека кириите за изнајмување на еднособен стан во центарот на Скопје се околу 300 евра, а на подалечна локација се околу 14.000 денари. За трисобен стан во центарот треба за кирија да се платат 500 евра. Цените на становите, пак, се различни и во зависност од локацијата се движат од 1.100 евра, па до 2.500 евра за еден станбен квадрат во центарот на Скопје или во просек квадрат станбена површина чини 1.762 евра. Надвор од центарот на Скопје, цените се движат од 830 до 1.790 евра, или просечен станбен квадрат чини 1.260 евра.
Што се однесува до просечните месечни примања, според пресметките на Нумбео, тие изнесуваат 38.962 денари.
Ако ги погледнеме податоците за месечните трошоци што ги објави Сојузот на синдикатите на Македонија, според нивните пресметки, минималната синдикална кошничка за февруари годинава за четиричлено семејство изнесуваат 63.773 денари, што е речиси за 50 илјади помалку од пресметките на Нумбео.
Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и за греење 6.096 денари или 9,6 отсто. За лична хигиена и за одржување на хигиената во домот треба да се одвојат 2.195 денари или 3,4 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.844 денари или 7,6 отсто.
За јадење во ресторани пресметките се дека се потребни 4.131 денар што 6,5 отсто, а за други стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.
Државниот завод за статистика, пак, направи свои пресметки за февруари 2025 година. Според нив, има зголемувањето на трошоците на животот во однос на јануари во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 1,4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0,6 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,5%, Здравје за 0,2% и Комуникации за 0,1%.
Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3,0 %, Облека и обувки за 0,3%, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0,2 %. Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5,0%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,2%.
(С.Бл.)