На чествувањето за Мара Бунева само лица кои исполнуваат услови

81

Бугарските државјани кои планираат да учествуваат на чествувањето за Мара Бунева, в недела, во Скопје да не носат и да не веат бугарски државни знамиња. Ваква порака завчера попладне испрати Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ која најави дека ќе ги организира панихидата и чествувањето за Бунева во храмот „Свети Димитрија“ и на Кејот на Вардар.

-Чествувањето на граѓаните да помине во ред и во мир, без провокации. Дури молам да не се носат бугарски знамиња и да не се веат за да не дадеме повод да бидат нападнати, рече Стојанов.Во обраќањето преку Фејсбук, тој ги обвини македонските медиуми дека информирале со јазикот на омразата околу најавата за чествувањето на, како што рече, бугарската хероина.

Од друга страна, македонското МВР за ВЕЧЕР соопшти дека на македонско-бугарската граница влезот во нашата земја ќе биде овозможен на оние лица кои ги исполнуваат условите.

-Согласно Законот за Гранична контрола странски државјанин може да ја мине државната граница на РС Македонија доколку се исполнети условите за влез во државата. Граничната полиција има надлежност да врши гранични проверки на патните документи од аспект на нивната валидност и дали лицето ги исполнува општите услови за влез во државата. Исто така, полициските службеници согласно своите овластувања постапуваат по барање на други државни органи, кои имаат свои ингеренции, а кои се однесуваат на изрекување безбедносни мерки. Во наведениот случај, МВР не може да изнесува информации кои се во надлежност на други државни органи, ниту пак може да споделува други оперативни информации со степен на доверливост – ни изјавија од МВР.

ИЗДВОЕНИ