EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Големата награда на Белгија ќе остане во календарот на Формула 1 до 2031 година, откако беше постигнат договор за продолжување на соработката, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Сепак, Формула 1 одлучи да отстрани две трки во Белгија од календарот во гореспоменатиот шестгодишен период и да ги премести на друга локација.

Големата награда на Белгија ќе се одржи на Спа-Франкоршамп во 2026, 2027, 2029 и 2031 година, како што беше во сите претходни години, но не и во 2028 и 2030 година.

Според одлуката на Ф1, двете трки ќе бидат преместени, но не беше прецизирано која земја ќе биде домаќин на „најбрзиот циркус“. Сите детали ќе бидат објавени подоцна, соопштија од Формула 1.

Новата сезона во Ф1 шампионатот започнува на 16 март со Големата награда на Австралија, а трката во Белгија е закажана за 27 јули.

ИЗДВОЕНИ