На барање на Русија: Во четврток ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ

590
epa11905522 General view during a United Nations Security Council on 'Maintenance of international peace and security: Practicing multilateralism, reforming and improving global governance' at the United Nations (UN) headquarters in New York, New York, USA, 18 February 2025. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Во четврток, на 6 март, ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), посветена на ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) Итната седница на Советот за безбедност на ОН беше побарана од Русија и ќе биде затворена за јавноста, објави Радио телевизија РС (РТРС).

Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ денеска во Сараево изјави дека е добро што Русија побарала вонредна седница на Советот за безбедност за ситуацијата во БиХ.

„Секако дека ќе ги информираме сите членови на Советот за безбедност, а веќе ги информиравме за тоа што се случува во БиХ, односно дека во тек е напад врз државата, нејзиниот Устав и институциите“, рече Конаковиќ.

Според него, на таа седница на Советот за безбедност „луѓето ќе слушнат се што ние во БиХ веќе знаеме и што знаат амбасадите во БиХ“.

„Нема шанси Русија да го убеди Советот за безбедност дека (претседателот на Република Српска) Милорад Додик прави добри работи овде“, нагласи Конаковиќ.

Тој изјави дека Додик, претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ и премиерот на РС Радован Вишковиќ „извршиле тешко кривично дело напаѓање на уставниот поредок на БиХ“.

Конаковиќ рече и дека е убеден дека Судот на БиХ, Обвинителството на БиХ и Дирекцијата за координација на полициските тела со меѓународните безбедносни агенции ќе водат понатамошни постапки против овие лица.

ИЗДВОЕНИ