На Афлек на му е јасна возбуденоста околу него: Досаден сум, носам иста облека…

95
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Веќе три децении трае “помпата“ околу приватниот живот на Бен Афлек. Дополнително, се експлодираше поради бракот со Џенифер Лопез, а потоа и разводот.

Минатата година за нив секојдневно се пишуваше во медиумите, а слична е ситуацијата и денес – кога знаеме дека се разведени.

Афлек пак, не разбира за што се работи.

Тој сè уште се обидува да открие зошто луѓето се заинтересирани за неговиот живот – кој е прилично без драма и многу нормален за средовечен маж.

„Со сите сензационални работи што се пишуваат, ако некој седне и разговара со мене за тоа, веројатно ќе му биде досадно“, изјави Афлек за GQ.

Актерот еднаш решил да искористи необична тактика за да ги одврати љубопитните.

„Добро, можеби само ќе носам иста облека секој ден за фотографиите да не се разликуваат. Изгледам како лигавец“, се пошегувал Афлек.

Инаку актерот во едно интервју рече дека разводот не го променил неговото мислење за Лопез.

„Лопез е навистина некој кој многу го почитувам“, додаде актерот.

Афлек и Лопез ја обновија нивната претходно завршена романса во 2021 година. Тие првпат се верија во 2002 година, а раскинаа во 2003 година. Се венчаа во 2022 година, а разводот беше финализиран во јануари оваа година.

ИЗДВОЕНИ