На 17 март завршува рокот за поднесување годишен даночен биланс и биланс на приходи и расходи

24

Управата за јавни приходи ги информира вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица што се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата што вршат услуги или слободно занимање, што остваруваат доход од вршење дејност утврдена согласно со член 19 од Законот за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на годишниот даночен биланс (образец ДЛД-ДБ) и билансот на приходи и расходи (образец Б ).

Даночниот период за кој се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година. Доколку даночниот обврзник вршел самостојна дејност за период пократок од една календарска година, за даночен период се смета периодот од годината во кој ја вршел дејноста.

Обрасците ДЛД-ДБ и Б задолжително се поднесуваат до Управата за јавни приходи по електронски пат, преку системот е-даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 17 март 2025 година (со оглед на тоа што 15. се паѓа во неработен ден), за доходот остварен во претходната, како и до Централниот регистар на РСМ.

 

ИЗДВОЕНИ