МЗТ Скопје без мака до 13. Куп трофеј

55

Трета година по ред МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на Купот на Македонија во кошарка.

Кошаркарите на Васко Атанасов го совладаа и Кожув, откако претходно беа подобри и од Работнички и Пелистер. Скопскиот тим во финалето во салата „26 април“ беше подобар од гевгеличано со 86:61 (23:15, 19:12, 21:22, 20:12).

Најефикасен во домашниот табор беше Стевановиќ со 20 поени, а кај МЗТ Скопје Аеродром се истакнаа Маслинко со 17 и Крстевски со 16 поени.

За најкорисен играч на турнирот беше одбран Андреј Маслинко, 27-годишниот крилен центар кој одигра одлични три натпревари, а го предводеше својот тим и во финалето со 17 поени и 80 отсотна реализација во обидите за два поени (8/10). Згора на тоа додаде и еден скок и две асистенции за фаворизација 15.

Фото: Гол.мк

ИЗДВОЕНИ