Денеска, на повик на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа координативен состанок со претставниците на институциите што имаат обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“.
Со оглед дека постојат реални услови за појава на епизоди на високи концентрации на загадувачки суптанции во воздухот, координативниот состанок, кој го водеше заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска и предсетателката на Работната група за чист воздух на МЖСПП Беса Татеши имаше за цел да ги мобилизира и поттикне засегнатите страни во подоследно исполнување на обврските.
– Присутните ги разменија своите искуства и проблемите со кои се соочуваат при реализација на мерките, но искажаа подготвеност за мобилизирање на сите расположиви ресурси за ублажување и надминување на состојбите што се жежок еколошки проблем не само кај нас, туку и на глобално ниво – информираа од МЖСПП.
Од страна на МЖСПП е побарано институциите што немаат доставено извештаии за реализирани активности да ги достават, како би имале увид во степенот на реализација и ефектите од предвидените марки.
Исто така, МЖСПП им понуди помош на оние општините кои што немаат изработено или изработуваат локални планови со краткорочни мерки за воздух, со оглед што е од исклучителна важност општините на локално ниво да бидат подготвени во услови на надминување на граничните вредности веднаш да ги применат соодветните мерки.
На состанокот покрај институциите опфатени со согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“, присуствуваа и Висар Ганиу, потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Чаир и Душица Перишиќ извршна директорка на ЗЕЛС, цел полесна координацијата со локалните самоуправи, како и претставници на Институтот за јавно здравје за следење на влијанието врз здравјто на луѓето.
Исто така, на состанокот се разгледуваа и долгорочните мерките на кои во моментот се работи и во кои во наредниот период државата ќе вложува.