МЗ: Инсталиран системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“

11

Министерството за здравство информира дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема).

Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места; разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија, согласно европската фармакопеја, изработена согласно европската директива 93/42/EEC.

Во тек е пробна работа на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“ -Скопје.

По завршување на пробната работа, Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс, за поврзување со останатите корисници.

По спроведување на овие активности, системот за компримиран воздух ќе биде ставен во целосна функција, стои во соопштението од Министерството за здравство.

ИЗДВОЕНИ