МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба – веднаш по несреќата здравствениот систем беше целосно мобилизиран

1124

„Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти.

Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош“ соопштија од Министерство за здравство.

Од МЗ ја презентираа распределбата на хоспитализираните пациенти:

Детска хирургија – 4
Клиника за пластична хирургија – 11
Клиничка болница Штип – 45
Општа болница Кочани – 30
Св. Наум Охридски – 29
8 Септември – 17
КАРИЛ – 16

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:

Детска хирургија – 3
КАРИЛ – 7
Градска општа болница – 5
Стара Градска – 3

Од МЗ информираа и за телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите:

ГОБ 8 Септември – 071 / 226 – 764
Клинички центар- 070 / 387 – 115
СВ Наум Охридски – 075 / 203 – 026

ИЗДВОЕНИ