МВР е задолжено да донесе заклучок или уредба или правен документ да нема повеќе употреба на пиротехнички средства и запаливи средства во затворен простор, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско гостување.
-Го задолживме МВР да донесе заклучок или уредба или не знам како тоа правен документ се вика да нема веќе употреба на пиротехнички средства, запаливи средства во рамките на затворен простор. Откако ќе заврши инспекцискиот надзор на целата територија на државата апсолутно тоа што ќе остане во функција сметајте дека сто проценти ќе го исполнуваат сите оние услови со минимум техничките услуги“, објасни Мицкоски.